Поранешен соиграч на Руни и Роналдо заработува милиони од продажба на часовници

Рамон Калиста во 2001 година пристигна во Манчестер јунајтед како новиот Рајан Гигс.

Легендарниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон во Калиста гледаше фудбалер кој ќе биде носител на играта на „црвените ѓаволи“ и кој ќе биде идеален партнер со Вејн Руни и Кристојано Роналдо.

Но, Калиста не успеа даго исполни потенцијалот и кариерата ја заврши во 2009 година како играч на нисколигашот Кембриџ.

Во 2013 година, Калиста започна со продажба на екслузивни и скапи часовници како Ролекс, Хублот, Патек Филип, а денеска неговата компанија „Global Watches“ годишно заработува по пет милиони фунти.

– Кога сфатив дека фудбалот нема да ми го овозможи животот кој го замислував, морав да пронајдам нешто друго. Создадов многу контакти додека играв фудбал и почнав да продавам часовници. Компанијата ја основав кога видев дека тоа е неизбежно за да останам на пазарот. „Global Watches“ денеска е компанија која заработува милиони, а мојата идеја е уште да растеме за по 5-10 години да ја продадам – вели Рамон Калиста.


Рамон открива дека токму фудбалот му помогна во новата професија.
– На почетокот продавав часовници на фудбалери и така ја добив довербата кај клиентите. Постојат и други компании кои се поголеми од мојата, но луѓето се чувствуваат посигурно кога ќе видат дека јас сум во прашање. Фудбалерите повеќе сакаат кога производот им се носи дома и поради тоа отворивме и оддел за испорака – додава Калиста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот