ПОРАНЕШЕН ШЕФ НА ФБИ ПРИЗНАВА: Имаше пропусти на почетокот на руската истрага

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, призна дека федералната полиција извршила „непобитни пропусти” на почетокот на истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД.

Доналд Трамп кој го отпушти Коми во 2017 година веднаш коментираше дека тој може да биде осуден на „повеќегодишна” затворска казна.

Коми отсекогаш го бранеше ФБИ од напади од американскиот претседател.Но, синоќа тој призна дека кон Картер Пејџ, советник на Трамп на изборите, за надворешна политика во 2016 година, брзо осомничен во истрагата на федералната полиција за руска вмешаност, бил третиран неправедно.

Во интервју за „Фокс њуз”, Коми рече дека одобрувањето на ФБИ за следење на Пејџ, кое тој лично го потпишал, содржи „големи грешки”.

– Имаше непобитни пропусти, во одобрувањето требаше да има седумнаесет работи, или барем тие требаше да се наведат и да се опишат поинаку – рече тој.

Тие грешки се набројуваат во извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правда, издаден на 9 декември. Во тој документ, генералниот инспектор негира дека ФБИ имал политички мотиви за покренување истрага, но посочува дека имало „грешки и пропусти” извршени од страна на некои агенти кога тие побарале од судот да добијат одобрување за прислушкување на Пејџ.

„Значи, сега Коми призна дека не бил во право…Но, тој го прави тоа само затоа што е фатен со прстите во џемот”, реагираше Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот