Поранешен НБА кошаркар убиен од својата сопруга

Телото на тогаш 34-годишниот Лоренцен Рајт беше пронајдено на 28 јули 2010 година, десет дена откако беше пријавен за исчезнат, а помеѓу главните осомничени за убиството беше неговата сопруга Шера Рајт-Робинсон.

Таа била последната која го видела Лоренцен жив, и тоа на 18 јули кога според нејзиното сведочење, кошаркарот со неодредена количина на дрога и пари излегол од домот.

Била покрената голема потрага по НБА кошаркарот и неговото тело е пронајдено на 28 јули на периферијата на Мемфис.

Шера Рајт-Робинсон со години глумеше дека не може да ја преболи смртта на својот сопруг, но истрага покажа дека токму таа била организатор на убиството, а сето тоа го испланирала за да наплати еден милион долари од животното осигурување во случај на смрт на својот сопруг.

Шера е уапсена во 2017 година откако е пронајдено огненото оружје со кое е извршено убиството. Мисионерот во Баптистичката црква чиј член била и Шера, Били Р. Тарнер е главен осомничен дека го извршил убиството. Откако и биле приложени сите докази, Шера Рајт-Робинсон го признала убиството, а судот ја осуди на 30 години затворска казна.

Лоренцен Рајт и Шера имаа дури шест деца, а кошаркарот во НБА лигата играше 13 години и тоа за екипите на ЛА Клиперс, Атланта, Мемфис, Сакраменто и Кливленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот