Поранешен НБА играч и познат водител ја напушти емисијата поради протест поради полициската бруталност во САД(ВИДЕО)

Поранешниот играч на Хјустон рокетс, а денеска новинар на телевизијата ТНТ, Кени Смит го напушти своето место во популарната емисија „Inside the NBA“ која ја води заедно со водителот Ерни Џонсон и поранешните ѕвезди Шекил О’Нил и Чарлс Баркли.

– Ова е многу тешко, мислам дека главата ќе ми експлодира. Не знам што да кажам, а можам да замислам како се чувствуваат кошаркарите. Не сум разговарал со нив…Мислам дека е најдобро јас како Афроамериканец и поранешен кошаркар да ги поддржам играчите и да не бидам во емисијата оваа вечер – изјави Смит.


Кени Смит десет сезони го носеше дресот на Хјустон рокет си освои две шампионски титули.

Според американските медиуми, одлуката на играчите да ги бојкотираат натпреварите била неочекувана за челниците на НБА лигата но и за сопствениците на екипите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот