Поранешен младински репрезентативец на Грузија го засили нападот на Академија Пандев

Фото: ФК Академија Пандев

Академија Пандев вчера го потврди трансферот на Матеј Цветаноски, а веќе денес во Струмица е потврдено уште едно ново име.

Поранешениот младински репрезентативец на Грузија, Микеил Ергемлидзе е новото име во таборот на „пандевци“. Грузискиот напаѓач има 23 години и со Академија Пандев потпиша договор на една ипол година.

До крајот на сезоната А.Пандев ја чека тешка борба за опстанок. Ергемлидзе во Струмица доаѓа од Капаз од Азербејџан, додека претходно во кариерата настапуваше за Адана Демирспор, Динамо Тбилиси, Сабах и Чикура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот