Поранешен маринец со молба до Бајден да побара негово ослободување од Путин

Семејството на поранешниот американски маринец, Пол Вилан, синоќа ја објави неговата молба до претседателот Џо Бајден во која бара тој да се заложи за негово ослободување во текот на утрешниот самит со претседателот на Русија, Владимр Путин. 

Вилан во Русија е осуден на 16 години затвор. 

-Ве молам да ставите крај на овој ужасен случај на дипломатија на заложници. Јас сум невин, немаше никакво злосторство поврзано со шпионажа. Тајниот суд без докази ги докажува тие факти, изјави Пол Вилан во аудио снимка предадена од неговото семејство. 

Според семејството, Вилан ова го кажал за време на телефонски разговор со своите родители оддржан на 30 мај.  

Вилан (50) од руските власти беше задржан во 2018 година во Москва. Тогаш изјави дека само патувал во Русија бидејќи му се допаѓала руската култура. Лани во мај тој беше осуден на 16 години затвор после судски процес кој во САД беше опишан како „исмејување на правдата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот