Поранешен колумбиски репрезентативец екстрадиран во САД, шверцувал два тона кокаин

twitter/SimpleNews.co.uk

Џон Виафара е екстрадиран во САД каде ќе му се суди по обвинение за трговија со дрога.

Поранешниот репрезентативец на Колумбија наводно организирал дитрибуција на дури два тона кокаин од Колумбија во САД пред мали авиони и глисери. Вредноста на тие пратки е проценета на нешто повеќе од 27 милиони долари.

Во март минатата година, 41-годишниот Виафара уапсен во Колумбија, по потерница од САД, а екстрадицијата беше извршена дури неделава.

Тој кариерата ја започна во Депортиво Песто, а потоа настапуваше за многу колумбиски екипи меѓу кои се Америка и Депортиво Кали, Индепендиенте Меделин.

Во Европа настапуваше за екипите на Портсмут, Саутемптон и Реал Сосиедад, а фудбалската кариера ја заврши во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот