Поранешен италијански премиер снимен со таен агент додека се обидува да го смени неговиот наследник

Фото: Wikipedia

Матео Ренци по повод телевизиската емисија изјави „дека поранешниот премиер Конти не е сменет заради интриги, туку едноставно затоа што новиот премиер Марио Драги е подобар“ и ги обвини авторите на емисијата дека направиле уплата од 45 илјади евра на некој надворешен соработник за да исконструира случај против него.

На италијанската телевизија РАИ, во рамките на добро познатата емисија „Репорт“, која се занимава со истражувачко новинарство, е прикажано видео запис во кој се гледа како лидерот на партијата „Италија вива“ и поранешниот премиер Матео Ренци се состануваат со еден од шефовите на италијанската тајна полиција, пред ресторан, крај автопат, пишува весникот „Ил Фато Кодитијано“

Средбата се случила во декембри минатата година, во време кога Матео Ренци интезнивно работи на смената на тогашниот премиер Џузепе Контео.

Сенаторот Ренци се среќава со Марко Манчини, еден од шефовотие на италијанските тајни служби, кого медиумите го нарекуваат „Таен агент 007“ и во јавноста го поврзуваат со различни афери, со што се подгреваат сомнежите околу целата на средбата вон службени простории.

Матео Ренци по повод телевизиската емисија изјави „дека поранешниот премиер Конти не е сменет заради интриги, туку едноставно затоа што новиот премиер Марио Драги е подобар“ и ги обвини авторите на емисијата дека направиле уплата од 45 илјади евра на некој надворешен соработник за да исконструира случај против него.

Членовите на партијата „Италија вива“ најавија парламентарна истрага за наводите кои се изнесени на телевизија. Авторите на посоченета емисија „Репорт“ одлучно ги отфрлаат оптужбите и тврдат „дека работат во интерес на гледачите кои плаќаат телевизиска претплата“. Лидерот на малата парламентарна партија,

Матео Ренци, кон крајот на минатата година успеа да ја собори тогашната концентрациона влада на премиерот Џузепе Контеа, во која членуваше и неговата партија „Италија вива“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот