Поранешен фудбалер на Шалке пронајден жив откако четири години се водеше како мртов

Јаник Камба во филмска приказна успеа да ги измами осигурителните компании.

Поранешниот фудбалер на Шалке, Јаник Камба е жив, тврди „Билд“ кој исто така наведува дека играчот ја лажирал својата смрт пред четири години поради измама со осигурувањето.

Имено сите германски медиуми во 2016 година објавија дека Камба доживеал сообраќајна несреќа во Конго и тогаш е прогласен мртов.

Од него се прости и Шалке, клубот за кој Камба настапуваше со сите младински селекции, како и поранешниот голман на тој тим, а сега на Баерн, Мануел Ноер.

„Билд“ пишува дека Камба тогаш ги искотистил своите врски во Конго за да ги измами осигурителните компании по што на неговото семејство му биле исплатени неколку стотици илјади долари.

Камбга наводно сега живее во германската покраина Рур, од каде е и Шалке, но под друго име и работи во енергетска компанија.

– Истрагата е во тек. Проверуваме дали станува збор за измама – изјави обвинителката Анет Милик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот