Поранешен фудбалер на Рома почина од срцев удар

Нова трагедија во фудбалот.

Поранешниот фудбалер на Рома, Џозеф Буасе на 21. година почина од срцев удар, објавија италијанските медиуми.

Младиот фудбалер беше член на Универзитате Клуж од Романија, а за Рома претходно настапуваше од 2017 до 2019 година.


Зад себе има тешка животна приказна, зашто стигна во Италија од Камерун како бегалец и одредено време спиеше на железничката станица во Рим. Потоа почна да игра фудбал за аматерскиот клуб Либери Нант, за кого настапуваат мигранти и политички бегалци, за потоа Рома во 2015 година да го донесе во своите редови.

Откако неколку години беше дел од младинските категории на Рома, Буасе во февруари годинава потпиша за романскиот Универзитатеа Клуж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот