Поранешен фудбалер на Партизан уапсен за обид за убиство

Малбаша бил во бегство неколку дена откако се обидел да го убие И.Н. за кого се наведува дека е наркодилер.

Припадниците на српското МВР го уапсија поранешниот фудбалер на Партизан Никола Малбаша (роден 1977) поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело обид за убиство над 47-годишен маж во Земун.

Тој се товари дека на 8 јули годинава, влегол во автомобил на оштетениот и по кратка вербална расправија му задал повеќе убоди со нож во стомак, а потоа истрчал од возилото и побегнал.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград, објави Новости.

Пред неколку дена медиумите јавија дека Малбаша е во бегство откако се обидел да го убие И.Н. за кого се наведува дека е наркодилер.

Телеграф објави дека И.Н на 8 јули е пронајден во Земун, во својот автомобил со повеќе убодни рани по телото. Крвавата пресметска се случила во Бачка улица поради нерасчистени сметки.

– Кога поранешниот фудбалер на Партизан седнал во автомобилот, почнала расправија околу долгови. Малбаша во еден момент извадил нож и му го зарил на Нешковиќ во стомак и истрчал од автомобилот. Нешковиќ останал беспомошен на возачкото седиште, па веројатно го забележал некој минувач и повикал Итна помош, која го одвела во Ургентниот центар, наведува Телеград, повикувајќи се на неименуван извор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот