Поранешен француски репрезентативец тврди: Луѓето го мразат ПСЖ

Јури Џоркаеф во играчката кариера го носеше дресот на ПСЖ/фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Јури Џоркаеф кој беше дел од француската репрезентација која во 1998 година триумфира на Светското првенство, ја прокоментира состојбата во ПСЖ, велејќи дека луѓето толку ги мразат „светците“ што играчите на овој клуб се чувствуваат како да играат против цела Франција.

– Кога играв за ПСЖ имавме многу добра екипа. Триумфиравме во Купот на куп победници и тоа беше првата интернационална титула во историјата на клубот. Во тоа време во екипата имаше шест-седум репрезентативци на Франција. Се сеќавам и на почетоците на ПСЖ, кога мојот татко играше за овој клуб и кога стадионот „Паркот на принцевите“ беше изграден. ПСЖ е млад клуб, но има фудбалска ДНК – вели Џоркаеф.

Џоркаеф кој во кариерата има настапувано за Монако, ПСЖ и Интер, зборува и за актуелната состојба во клубот кој е во рацете на катарски шеици.

– Ниту сега не е поинаку, исто е. Кога играш за ПСЖ тогаш играш против цела Франција. Луѓето го мразат ПСЖ. Во Шпанија борбата е помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а во Франција ситуацијата е уникатна. Луѓето ги сакаат Марсеј и Лион и никој не ги мрази, но за разлика од нив ПСЖ е омразен клуб во цела Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот