Поранешен член на скиентолошката црква: Направија сѐ за да ги разделат Том Круз и Никол Кидман

Актерите Никол Кидман и Том Круз на Венецијанскиот филмски фестивал / 1 септември 1999 / Фото: EPA PHOTO ANSA/CLAUDIO ONORATI

Телевизискиот водител Мајк Рајндер е поранешен член на скиентолошката црква. Неодамна, тој ја објави својата книга „Милијарда години: Моето бегство од животот во највисоките рангови на скиентологијата“, во која зборува за неговото искуство, но и за останатите членови на оваа контроверзна црква.

Еден од нив е и актерот Том Круз, кој почнал да се дистанцира од скиентологијата во 1997 година, за време на снимањето на филмот „Очи широки затворени“ во Лондон. За оние кои не знаат, во оваа филмска драма на режисерот Стенли Кјубрик, глуми и тогашната сопруга на Круз – Никол Кидман.

Рајндер вели дека Круз почнал да ги игнорира повиците на водачот на скиентолошката црква, Дејвид Мискавиџ. Поради тоа, Мискавиџ го испратил Марти Ратбун, еден од најважните оперативци на црквата, во Велика Британија за да изврши „ревизија“ на актерот. Тоа е процес во кој член на скиентолошката црква поминува низ одредени настани „за да се ослободи од негативноста и да постигне повисоко ниво на јасност“.

Никол Кидман и Том Круз во „Очи широко затворени“ / Фото: Supplied by LMKMEDIA / Landmark / Profimedia

„Круз полека беше вовлечен назад во светот на скиентологијата“, пишува Рајндер во својата книга.

Тоа го натерало актерот да се оддалечи од својата тогашна сопруга Никол Кидман. Иако Круз ја довел Кидман во скиентолошката црква, таа никогаш не покажала особен интерес за ова религиозно учење.

Не помогнал ниту фактот дека таткото на Кидман е психијатар бидејќи, според скиентологијата, психијатрите неправилно се грижат за пациентите и премногу се потпираат на лекови.

Никол Кидман и Том Круз на Венецијанскиот филмски фестивал / 1 септември 1999 / Фото: EPA PHOTO ANSA/CLAUDIO ONORATI

Водачите на црквата ја доживувале Кидман како „закана и негативно влијание“ врз Круз, нивниот најпознат член.

„Ратбун, во договор со холивудскиот адвокат Берт Филдс, го ангажираше озлогласениот приватен истражител Ентони Пеликано да ја шпионира Никол и да го прислушува нејзиниот телефон“, пишува Рајндер.

Инаку, Пеликано помина повеќе од една деценија во затвор за низа кривични дела како што се рекетирање, нелегално прислушување, заговор и нелегално поседување експлозиви и бомби.

Том Круз и Никол Кидман на британската премиера на „Очи широко затворени“ / 3 септември 1999 / Фото: EPA/SINEAD LYNCH

Секако, скиентолошката црква веднаш реагирала на книгата и побрзала да одговори на прашањата од медиумите.

„Црквата никогаш не наредила, ниту учествувала во какво било незаконско прислушување. Мајк Рајндер е непоправлив лажго кој сака да профитира од лаги. Тој заработува со тоа што го предводи малтретирањето на неговата поранешна црква и нејзините водачи преку лажни полициски извештаи и лажни приказни во медиумите, изјавија тие за „Пејџ сикс“.

Исто така, во книгата се тврди дека Ратбурн ги свртел двете посвоени деца на парот, Изабела и Конор, против нивната мајка со тоа што ги запознал со скиентолошките учења за таканаречените супресивни личности. Според скиентологијата, тоа се асоцијални личности, а истата етикета ја добиваат сите оние кои на било кој начин ѝ се противат на црквата и поради тоа мора да бидат замолчени или уништени.

„Кога Том и Никол се разведоа, Мискевиџ беше пресреќен бидејќи повеќе немаше никакво ‘негативно влијание’ од Никол и таа веќе не го оттргнуваше од црквата. После тоа, Круз стана уште пожесток во јавната поддршка за скиентологијата“, пишува Рајндер.

Инаку, слични тврдења имаше и актерката Лија Ремини во нејзината книга „Бељаџија: Преживувајќи го Холивуд и скиентологијата“. Денес таа е најгласниот противник на црквата и, заедно со Рајндер, долги години работи на откривање на тајните на скиентологијата.

Во својата книга, Ремини пишува дека имала прилика да разговара со посвоените ќерки на Круз и Кидман во 2006 година. Во таа прилика, таа ги прашала девојчињата дали се во контакт со нивната мајка по разводот на Кидман и Круз во 2001 година.

„Не, ако ме прашуваш мене. Нашата мајка е супресивна личност“, наводно ѝ одговорила Изабела.

Актерката го откри суровиот план на Том Круз: Чека само една работа за да ја воведе ќерка си во Скиентологијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот