Пораки од ЕУ до израелскиот претседател за деескалацијата на насилството

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска телефонски разговарал со израелскиот претседател Реувен Ривлин при што изразил загриженост за новиот бран насилство и го повика на деескалација.

Европската Унија „е многу загрижена за неодамнешното ескалирање на насиството и неселективно таргетирање“, го сумираше Мишел разговорот во својата објава на Твитер.

„Приоритет треба да биде деескалацијата и превенцијата од загубата на невини животи на цивили на двете страни“, додаде тој.

Најмалку 53 Палестинци се убиени и 320 се повредени во израелските воздушни напади, според последните бројки.

Петмина Израелци исто така се убиени и 45 се повредени во ракетниот напад од Областа Газа.

Тензиите во регионот ескалираа од минатата недела кога Израелскиот суд нареди протерување на палестински семејства во квартот Шеик Јарах во Источен Ерусалим.

Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалин се сметаат за окупирана територија според меѓународната право, и со тоа сите еврејски населби таму се илегални.

ЕУ постојано повикува Израел да го запре населувањето и да ги напушти постоечките населби од 2001 година.

Минатата недела, шефот за надворешна политика ЕУ Жозеп Борел ги повика двете страни неколкупати да ги намалат тензиите и да ги продолжат преговорите кои ќе водат кон решение за двете страни.

Како и Турција и поголемот дел од меѓународната заедница, ЕУ не го признава израелскиот суверенитет врз териториите кои ги окупира од 1967 година.

Извор: Анадолу Агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот