„Порака во шише го преминала Атлантикот“: По неколку години се создало неочекувано прекуокеанско пријателство

pixabay
pixabay + принтскрин фејсбук

Порака во шише напишана во 2018 година, го преминала Атлантикот за три години од почетокот на своето „патување“.

Шеснаесетгодишниот Шон Смит „ја испратил“ пораката во шише додека бил на одмор во Род Ајленд во САД во 2018 година. „Денот на благодарноста, имам 13 години и сум во посета на семејството во Род Ајленд. Јас сум од Вермонт. Ако ја најдете порака, испратете ми мејл на [email protected]“, гласела пораката на тинејџерот.

Три години подоцна, шишето е пронајдено на оддалеченост од 4.820 километри. Го пронашол 17-годишниот Кристијан Сантос во Азорските острови, португалски архипелаг среде Атлантикот. Сантос го забележал шишето додека бил на риболов со својот братучед.

Го зедов и погледнав внатре, забележав дека има хартија. Мислев дека е интересно и ѝ го покажав на мајка ми“, вели Сантос.

Неговата мајка Моли му рекла дека пораката потекнува од Масачусетс, каде што е роден пред семејството да се пресели на Азорските Острови.

Здраво дечки!!! Мојот син нуркаше тука во Азорските Острови и тој најде шише во кое имало порака!!! Се обидовме да испратиме е-пошта на лицето, но не добивме одговор, па ако знаете некој што живее во Вермонт, замолете го да го сподели ова за да можеме да го најдеме ова дете, толку е кул колку далеку стигна неговата порака во шише“, напишала Моли на својот фејсбук-профил.

Тие одлучиле да испратат мејл на споменатата адреса, но немало одговор бидејќи Шон целосно заборавил на шишето. Сепак, контактот меѓу двете страни бил воспоставен откако Моли ги замолила своите пријатели на „Фејбсук“ да ѝ помогнат.

Шон дознал за пораката од медиумите. „Не можев да поверувам. Фрлив неколку шишиња во океанот, некои од нив наскоро беа пронајдени, но ова целосно го заборавив. Ќе се обидам да останам во контакт со Кристијан“, додаде Смит за „CBS News“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот