Порака од официјален Лондон до Брисел: Што договориме – договориме до крај на годината, нема враќање на преговори во 2021 година

Фото: EPA-EFE/JASON ALDEN / POOL

Велика Британија нема да се врати на трговските преговори со Европската Унија (ЕУ) во 2021 година. Ова денеска го најави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон, потенцирајќи дека каков било договор мора да биде склучен до крајот на годината.

– Неколку пати јасно ставивме до знаење дека каков било договор треба да се постигне до крајот на преодниот рок и нема да се вратиме на преговори во наредната година. Мора да им дадеме сигурност на нашите граѓани и компании и тоа нема да се постигне со бесконечни долгорочни преговори, изјави портпаролот на Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот