Порака од американската амбасадорка во Тирана до политичарите: Албанскиот народ сака резултати, а не навреди

Таа додаде дека корупцијата го спречува и доаѓањето на американските инвестиции.

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким учествувајќи на презентацијата на индексот за деловни активности во 2019 година, посебно се задржа на борбата против корупцијата „ еден од критериумите што го спречува доаѓањето на американските инвестиции”.

Таа се фокусираше на политиката и ги повика политичките лидери „да се откажат од игри и да работат за Албанците”.

-Фактот дека политичката состојба се најде на врвот во списокот на загрижености покажува дека Албанците се уморени од политиката, тие сакаат решение и не сакаат да продолжи играта,за тоа кој е виновен, едниот го обвинува другиот. Сакаат да видат лидерите да работат заедно за доброто на народот. Сакаат владата да им понуди можност без страв и корупција, да заработат пари и да обезбедат добар животен стандард. Албанскиот народ сака резултати, а не навреди, сака визија а не поделби, рече Ким.

Таа додаде дека корупцијата го спречува и доаѓањето на американските инвестиции.

– Политичката клима, нелојална конкуренција и корупција влијаат на се. Трите приоритети што ги имам во Албанија се зајакнување на односите, поддршка на Албанија како демократска земја и зголемување на американските инвестиции во Албанија, а сите тие се засегнати од корупцијата, додава таа.

Амбасадорката, исто така,рече дека сака да знае кои се плановите на владата за создавање нови работни места, привлекување странски инвестиции и како ќе се создаваат подобри можност за младите во време кога ситуацијата стана уште потешка по пандемијата.

Американската трговска комора во врска со годишниот индекс во 2019 година заклучува дека бизнис климата е на најлоша точка во текот на осумте години на владата на Еди Рама и оти ваквото влошување е вистинска пречка за бизнисот и неговото соочување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот