Порака до УЕФА: Полоши сте од Трамп

twitter/lfcstuff

За европската фудбалска унија парите се поважни од човечкиот живот.

Поранешниот фудвалер на Барселона, Ајакс и Арсенал и член на репрезентацијата на Холандија, Марк Овермарс е огорчен на УЕФА и на неговата федерација.

Овермарс кој е дел од управата на Ајакс смета дека во овие тешки времиња фудбалот треба да биде последната работа на светот, бидејќи луѓето постојано умираат од коронавирусот.

Не можам да верувам дека УЕФА и нашата фудбалска федерација не ги прекинаа натпреварувања и прогласија крај на сезоната. На кого му е до фудбал кога луѓето умираат насекаде.

Тие се полоши од Трамп, коронавирусот секојдневно зема илјадници животи, а тие зборуваат за парите. На нив им е поважна економијата и парите отколку животите и здравјето на луѓето во целиот свет – изјави Овермарс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот