Поради зголемениот број на пациенти со ХОББ, бесплатни мерења на белодробната функција

Фото: МИА

Бројот на пациентите со хронична опструктивна белодробна (ХОББ) болест се зголемува. Се смета дека секој десетти пациент на возраст над 40 години и на ХОББ. На Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје годишно се лекуваат 800 до 1.000 случаи со ХОББ. Некои од нив се лекуваат амбулантски, а некои болнички.

Ова денеска на одбележувањето на 20 ноември, Светски ден за ХОББ, го изјави д-р Билјана Илиевска Попоска од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје, која е претседател на Здружението на пневмофтизиолози.

Во рамки на одбележувањето лекари и медицински сестри од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза денеска од 11 до 14 часот во холот на Сити мол во Скопје на заинтересираните минувачи им вршат бесплатни мерења на нивната белодробна функција.

– Од 11 до 12 часот се прегледани 80 минувачи. Очекуваме дека до 14 часот околу 200 до 300 минувачи ќе сакаат да ја проверат својата белодробна функција. Поголем дел од прегледаните се постари лица. Кај некои од нив е утврдено остапување во белодробната функција. Пушењето е ризик фактор број еден во настанување на хроничната опструктивна белодробна болест – рече д-р Илиевска Попоска.

Посочи дека станува збор за прелиминарни тестови кои може да упатат дека кај некои од овие минувачи постои нарушување на белодробната функција, а сето тоа ќе значи дека овие лица ќе треба да се јават во здравствени установи каде се врши дијагностика на хроничната опстуктивна белодробна болест со цел да се направат поцелосни испитувања.

Таа додаде дека навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и ќе го продолжат животниот век на заболените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот