Поради запалено комби возило во прекин сообраќајот до граничен премин Делчево

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Поради интервенција на запалено возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево во моментов во застој е сообраќајот на патот Делчево – Ѕвегор – Граничен премин.

Според информациите на жители на селото запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

-Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото, истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдија случајот, а со повеќе детали околу причината за опожарувањето ќе излезат во текот на денот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот