Поради вчерашната автобуска несреќа, во Косово денес е прогласен Ден на жалост

Денес е Ден на жалост во Косово и Метохија за 10-те загинати во автобуската несреќа во Хрватска.

Денот на жалост го прогласи претседателката, Вјоса Османи, која ја прекина посетата на Јапонија поради трагичниот настан и денеска ќе се врати во Приштина.

Во автобуската несреќа што се случи вчера во Хрватска, кај Славонски Брод, загинаа 10 лица, додека 45 патници беа повредени, од кои осум се во сериозна состојба.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера отпатува за Хрватска, каде ги посети повредените, кои беа хоспитализирани во Славонски Брод.

Видео на денот