Поради тешката болест, Селин Дион ги откажа сите претстојни концерти
Канадската пејачка Селин Дион ги откажа сите закажани концерти од нејзината светска турнеја „Courage“, сѐ до април 2024 година.
Имено, 55-годишната музичка дива ја соопшти веста со објава на Твитер, каде напиша дека „не може успешно да се подготви и да го изведе остатокот од турнејата“, откако ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност, поради кој нејзините мускули неконтролирано грчат.
„Навистина ми е жал што повторно ќе ве разочарам. Иако ми се крши срцето, ќе биде најдобро да откажеме сѐ додека не бидам навистина подготвена да се вратам на сцена. Не се откажувам и едвај чекам да ве видам повторно. Бакнежи, Селин“, напиша пејачката на Твитер.
I’m so sorry to disappoint all of you once again… and even though it breaks my heart, it’s best that we cancel everything until I’m really ready to be back on stage… I’m not giving up… and I can’t wait to see you again!” – Celine xx…
More info👉https://t.co/DHUch7W7OF pic.twitter.com/bgszxVd1za— Celine Dion (@celinedion) May 26, 2023
Во декември минатата година, Дион соопшти дека боледува од оваа ретка болест, која долгорочно го става пациентот во положба на „човечка статуа“, односно телото постепено се „заклучува“ во цврста, крута положба без можност за одење или зборување.
Засега не постои лек за оваа болест, но постојат третмани кои можат да ја забават прогресијата на болеста.