Поради суспендирањето на парламентот Џонсон би можел да биде „граѓански уапсен“ ако се појави во Шкотска

Еден од челниците на шкотскиот синдикат го предупреди Борис Џонсон дека може да доживее „граѓанско апсење” поради неговата одлука за суспендирање на Парламентот, која според највисокиот шкотски суд ја прогласи за нелегална.

Стратегијата на премиерот Џонсон за Брегзит не успеа кога тројца високи судии во судот во Единбург пресудија дека неговиот чин на суспендирање на Парламентот во услови на криза поради излегувањето на Велика Британија од Европска Унија е незаконски и затоа не е валиден, пишува британски „Индипендент”.

Лабуристот, Сир Кир Стармер истакна дека пресудата е „од најголемо значење” и вети дека ќе се обиде да ги врати парламентарците на своите места, така што премиерот ќе биде одговорен пред нив.

Говорејќи после тоа, Лен МекКлуки, генерален секретар на синдикатот Обединети, за „Скај њуз” истакна дека одлуката на шкотскиот суд е навистина невообичаена.

– Мојот совет до премиерот е да не се дојде во Шкотска бидејќи може да доживее граѓанско апсење. Подобро да остане во бункер некаде во Етон или Вестминстер – наведе МекКлуси.

Другите синдикати го повикаа премиерот да го врати Парламентот за да ги реши несогласувањата.

Стармер вети дека ќе го „врати Борис Џонсон во Парламентот”, за да сноси одговорност за тоа што го направил.

– На сите им беше јасно дека суспендирањето на Парламентот во толку круцијално време не само што не беше во ред, туку тие треба постојано да седат и да разговараат и да се обидат да ги решат проблемите на најдобар можен начин – посочи Стармер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот