Поради страв од коронавирусот се празнат полиците низ маркетите во Љубљана

фото: Pixabay

Иако во СЛовенија нема регистрирано пациенти со коронавирус, здравствени власти сметаат дека е само прашање на време кога ќе се појави вирусот и во Словенија. 

Во некои маркети во Љубљана дел од полиците останаа празни, откако граѓаните поради страв од коронавирусот граѓаните почнаа масовно да купуваат тестенини и конзервирана храна.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, складирањето храна беше започна откако се проширија информациите за први заразени лица во соседните Австрија и Хрватска.

– Ова денеска што се случува јас го немам видено. Доаѓаат луѓе и купуваат резерви на храна во вредност и до 150 евра. Веднаш откако ќе ги наполниме полиците со тестенини и конзерви тие набрзо се празнат. Оваа паника е сосема непотребна, вели жена вработена во еден од поголемите маркети во Љубљана.

Инаку, во Словенија се уште нема регистрирано случај на лица заразено со коронавирус. Тестирањето на сите сомнителни беше негативно. Сепак здравствени власти сметаат дека е само прашање на време кога ќе се појави вирусот и во Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот