Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновски

Фото: МИА

Наизменичен режим на сообраќај има од 11:00 часот на патниот правец Градско-Прилеп, по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновци, пред Свети Николе, е во прекин од 11:35 часот поради случена сообраќајна незгода.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА информира дека во тек е увидот на местото на сообраќајката од страна на јавен обвинител и крим техника, по што повторно ќе биде пуштена во употреба оваа делница. Во меѓувреме, возилата се пренасочуваат кон и преку Свети Николе.

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево-Охрид на делот Пресека-Врбјани, денеска од 12:00 до 15:00 часот поради изведување градежни работи (минирање) ќе има привремено затворање на сообраќајот во времетрање од 15-20 минути.

Наизменичен режим на сообраќај има од 11:00 часот на патниот правец Градско-Прилеп, по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот