Поради случајот со милијардер обвинет за проституција, министерот за труд на САД си даде оставка

Александар Акоста, досегашниот министер за правда на САД, денеска објави дека ќе си даде оставка на таа фунмција.

Тој неговата одлука ја соопшти на прес-конференција во Белата куќа, додека до него стоеше претседателот Доналд Трамп, кој потврди дека тоа е одлука на Акоста.

Акоста ја напушта функцијата поради случајот со милијардерот Џефри Епстин, кој во 2007 година беше обвинет за подведување малолетни лица и организирање проституција. Истрагата се одвиваше од 2002 до 2005 година во Њујорк и Флорида и Епстин тогаш се договорил со истрагата, водена од Акоста, како тогашен обвинител на Јужна Флорида.

Договорот бил повеќе од поволен за осомничениот – затворска казна од 13 месеци со право на излегување од затвор шест пати неделно, наместо долгогодишен, а можеби и доживотен затвор што можел да биде одреден од судот. Покрај тоа Акоста се согласил да го сокрие договорот со истрагата од жртвите на овој случај.

Прочитајте и...  Мисајловски: Треба обнова во културата, во уметноста, во здравството, во инфраструктурата

Во февруари годинава, окружниот суд на Јужна Флорида утврди дека сокривањето на информацијата било незаконско. Епстин беше задржан во саботата и веднаш потоа започнаа критиките на адреса на Акоста. Лидерот на демократите во Санатот, Чак Шумер и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, побараа оставка од него, а на Твитер се рашири кампања за оставка на Акоста.

Прочитај повеќе

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат

Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Доставени картичките за „зелена нафта” во Струмичкиот регион

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Слободен печат

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Слободен печат

Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Слободен печат

Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Слободен печат

Јанушев: Раст на пензиите од 20% и раст на плати од 25% за еден мандат (ВИДЕО)

Слободен печат

АВМУ до медиумите: Од недела на полноќ почнува изборниот молк

Слободен печат