Поради скрининг во конфекција, одложено тестирањето во штипската градинка „Астибо“

Градинка, Фото: Архива

Одложено е тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо”- Штип, каде што има и најголем број вработени во петте клонови низ градот Штип.

Директорката на градинката „Астибо”, Билјана Трајчевска вели дека од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги известиле дека тестирањето ќе биде одложено, бидејќи се прави масовен скрининг на текстилните работнички кои работат во конфекцијата од каде што почна да се шири заразата и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси од оваа конфекција.

– Во нашата установа денеска требаше да се тестираат 137 вработени од петте клонови, вклучувајќи ги сите вработени меѓу кои и администрацијата, вели Трајчевска.

Таа додава дека тие како установа ги преземаат сите мерки и протоколи што им се дадени од страна на ресорното министерство и Влада.

Штипскиот Центар за јавно здравје од денеска требаше да го почне тестирањето на вработените во градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш. Според списоците кои ги имаат добиено  во штипската градинка „Астибо” треба да  се тестираат вкупно 137 вработени, а во „Вера Циривири-Трена” 91 лице. Во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот