Поради штрајк денеска британската железница работеше со само 20 отсто од капацитетите

Штрајк во Велика Британија, железнички сообраќај
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Железницата во Велика Британија денеска работеше со само 20 отсто од капацитетите поради штрајкот на железничарите, јавува „Би-Би-Си“.

Половина од железничките линии во земјата се затворени, бидејќи повеќе од 45 илјади железничари штрајкуваат изразувајќи незадоволство од ниските плати и лошите услови за работа.

Вклучувањето на работниците од сигнализацијата низ Англија, Велс и Шкотска дополнително ја усложнува ситуацијата оттаму што без сигнализацијата железничкиот сообраќај практично е невозможен.

На патниците им е препорачано да патуваат со воз само доколку немаат друг избор.

Генералниот секретар на железничкиот, поморскиот и на транспортниот синдикат, Мик Линч предупреди дека спорот може да трае „неограничено” долго време доколку не се постигне договор за платите.

Тој ја обвини Владата дека ги користи парите на британските даночни обврзници за „да ги спаси приватните железнички компании, помагајќи им да избегнат одговорност за изгубениот приход поради штрајкот.

Британското Министерство за транспорт пак соопшти дека синдикалните лидери не сакаат да преговараат, а наместо тоа „го нарушуваат секојдневниот живот на милиони луѓе”.

За в сабота е закажан уште еден штрајк на британските железничари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот