Поради самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана попладнево стапија во сила строгите безбедносни мерки

западен балкан
Западен Балкан, знамиња / Фото: Слободен печат, архива

Албанската државна полиција од попладнево почна со спроведување на безбедносните мерки во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан што утре ќе се одржи во Тирана. 

За да се гарантира редот и безбедноста, на патните правци каде минуват делегациите и на местото каде што ќе се одржи Самитот, полицијата изготви детален план на мерки, во соработка со органите на прогонот во земјата, со безбедносни експерти од земјите од ЕУ, како и со меѓународните организации Интерпол и Европол. 

Мерките за блокирање на патните правци, булевари, улици во Тирана почнаа да се спроведуваат денеска од 14 часот и ќе важат до заминувањето на високите личности учесници на Самитот. Состојбата се мориторира и од воздух со неколку хеликоптери. 

Пред, за време и по одржувањето на Самитот, обезбеден е безбедносен периметар каде ќе биде забрането паркирање, сообраќај на возила и  движење на граѓани. Во безбедносниот периметар ќе биде дозволено само движење пеш на жители од таа зона, што ќе го контролира полицијата.  

Во безбедносниот периметар е и булеварот „Народни херои”, каде што пред владатам, опозицијата најавува одржување на протест, за што нема дозвола од полицијата, како и плоштадот „Италија” каде во 10 часот утре почнува самитот. 

Според албанските медиуми на овој значаен собир ќе учествуваат лидери и делегации од 44 држави а истиот ќе го следат над 600 акредитирани албански и странски новинари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот