Поради реконструкција воведен времен режим на сообраќајот на улицата „Даме Груев”

ЈП „Улици и патишта” – Скопје информира дека во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев” во центарот на Скопје, поради што е воведен времен режим на сообраќајот.

Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта” -Скопје, по налог на Град Скопје, ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев”. Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица „Македонија” до улицата „11 Октомври” и поради изведба на градежните активности, десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација, известуваат од јавното претпријатие.

На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП „Улици и патишта”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот