Поради расизам суспендиран првиот човек на Шалке

EPA-EFE/DAVID HECKER

Пред неколку дена првиот човек на бундеслигашката екипа Шалке рече дека наместо да се зголемуваат даноци за заштита на животната средина во Африка, треба да се градат повеќе електрани за да може локалното население да престане да ги сече дрвјата и да не прави деца во мрак.

Поради ваквата расистичка изјава се сметаше ја доби и суспензијата од три месеци после состанокот на управниот одбор на германскиот клуб. Подоцна Тенис се извини за несоодветните зборови.

Ова се случува непосредно пред новата бундеслигашка сезона 2019/20 која за тимот од Гелзенкирхен ќе стартува за 10 дена на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Во подготвителниот период „сино-белите“ остварија четири победи, двапати ремизираа, но и двапати загубија од Болоња и Норич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот