Поради протестите прогласен полициски час во Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

Ограничувањето на движењето, кое ќе погоди милиони луѓе, стапи на сила истовремено со распоредувањето на 5000 припадници на Националната гарда.

По бранот протести во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој поради бритална полициска сила почина за време на полициско приведување во Минеаполис, во бројни градови е воведен полициски час.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Така, полициски час е воведен во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека југозападната држава Аризона вовела полициски час за цела недела во целата држава, откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на движењето, кое ќе погоди милиони луѓе, стапи на сила истовремено со распоредувањето на 5000 припадници на Националната гарда, кои се активирани во 15 држави и во главниот град, за да дадат помош на локалните сили на редот.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот