Поради протест, посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Дожд, гужва/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Скопје денеска ќе биде под посебен сообраќаен режим поради најавениот протестен марш за чист воздух.

Како што информираат од МВР, со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.

„Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски“, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“ и право по бул.„ВМРО“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“ “, информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јовановски: Ако немаме масовност на протестот, не заслужуваме да дишеме чист воздух

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот