Поради проблеми со ловечката авијација, Бугарија ќе изнајмува борбени авиони

Бугарски МИГ- 29/Profimedia

Со избувнувањето на војната во Украина, многу земји кои користат советско или модерно руско оружје и воена опрема, се најдоа во проблем како да продолжат да ја користат, одржуваат или реализираат веќе договорената набавка на руска опрема во новонастанатата ситуација.

Една таква земја е Бугарија, која користи советски борбени авиони МиГ-29, кои, според сè уште важечките планови, треба да останат во служба до крајот на оваа деценија. Договорот со руската компанија РСК МиГ за одржување на флотата на овие авиони требаше да биде обновен годинава, но тоа сигурно нема да се случи поради Украина.

Српскиот реномиран портал кој се бави со авијатика „Танго шест“ наведува дека Софија во неможност да ги добие купените 8 борбени авиони Ф-16БЛК70 (кои треба да ги заменат советските мигови), поради проблеми предизвикани од пандемијата но сега и војната во Украина, земјата размислува да изјанми половни авиони од американско потекло за заштита на бугарското небо.

Ова го изјавил и самиот премиер Кирил Петков гостувајќи на теливизијата „Нова“ при тоа не изнесувајќи повеќе детали околу планот за набавката односно изнајмувањето на леталата.

– Постои можност Бугарија да изнајми 6 употребувани борбени авиони кои ќе се користат како привремено решение помеѓу пензионирањето на МиГ-29 и испораката на новите авиони Ф-16 – изјавил Петков при гостување на бугарска телевизија.

Бугарскиот премиер во исто време изрази надеж дека наскоро ќе започне реализацијата на таа работа, но истакна дека финансиската димензија на таквата одлука се уште е нејасна.

Минатата недела, началникот на Генералштабот, адмирал Емил Ефтимов рече дека треба да се одговори на три главни прашања околу набавката или изнајмувањето на новите воздухоплови а тоа се: како да се обучуваат пилоти, колку ќе трае обуката на припадниците на воздухопловната служба и трето дали Бугарија има соодветна инфраструктура за таквото решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот