Поради пожарот, затворен граничниот премин „Богородица“

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поради пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин „Богородица”, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран”, информираа од АМСМ.

Сѐ уште нема информација кога граничниот премин ќе биде повторно отворен за сообраќај.

Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица” е изгаснат.

ВИДЕО | Гори борова шума на потегот меѓу Милци и ГП Богородица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот