Поради пожар во внатрешноста, авион бил принуден да слета во Бостон

Фото:Профимедиа

Авион на компанијата „Вирџин Атлантик” што летал од Њујорк за Лондон, принудно слетал во Бостон поради пожар во внатрешноста на леталото.

Полицијата соопшти дека екипажот го изгаснал пожарот. На летот 138 од Њујорк имало вкупно 217 патници, но за среќа ниту еден од нив по слетувањето не бил повреден, а истот важи и за членовите на екипажот.

Сите 217 патници на летот 138 од Њујорк и екипажот се неповредени по слетувањето.

Според полициски извори, пожарот е причинет најверојатно од дефект во електричниот систем на едно од седиштата за патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот