Фејсбук
Социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Поради постови во кои се повикува на граѓанска непослушност: Фејсбук блокиран во Мјанмар

Новата воена Влада во Мјанмар денеска ја блокира социјалната мрежа Фејсбук поради објавување на повици за граѓанска непослушност по превратот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Фејсбук е популарна социјална мрежа во Мјанмар, а соборената Влада комуницира со своите приврзаници на тој начин.

Мобилниот оператор „Теленор Мјанмар“, преку соопштение, потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации за привремена блокада на Фејсбук.

„Теленор Мјанмар“, кој е дел од норвешката група „Теленор“ наведе дека ќе се придржува до наредбата, иако се загрижени дека со тоа ќе се нарушат човековите права. Фејсбук, исто така, ја потврди таквата информација.

Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, во знак на протест против преземањето на власта од армијата.

Видео на Фејсбук прикажува 20-на луѓе пред Медицинскиот универзитет во Мандалај. На еден од транспарентите поставени од демонстрантите пишува: „Луѓето протестираат против воениот удар”.

Демонстрантите скандираа барања за ослободување на уапсените политички лидери. Ова е прв протест, откако армијата ја презеде власта во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот