Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Првата дама на САД, Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија, на предизиборен собир на Доналд Трамп, поради „постојана кашлица“.

– Меланија Трамп од ден во ден се чувствува сè подобро по прележувањето на ковид-19, но поради упорната кашлица и мерки на претпазливост, нема да патува во Пенсилванија, наведе портпаролката Стефани Гришам во краткото соооштение за јавноста.

Меланија, како и Доналд Трамп, на 1 октомври имаше позитивен тест на коронавирус, а на средината на овој месец објави дека е негативна. Инаку таа не е чест учесник во предизборните активности на американскиот претседател.

Доналд Трамп, пак, енергично се врати на својата кампања, откако се опорави од ковид-19. На неговите собири има и по 10.000 луѓе и често се прекршуваат препораките на здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот