Поради пандемијата Ковид-19 може да затворат 25 милиони работни места

Фото: Принтскрин

Пандемијата на Ковид-19 ќе истурка милиони луѓе во невработеност и работна сиромаштија, соопштија ОН

Пандемијата на Ковид-19 значително ќе ја зголеми глобалната невработеност, присилувајќи приближно 25 милиони луѓе да останат без работа, соопштија денеска Обединетите нации.

-Економската и трудовата криза, создадена од пандемијата на Ковид-19, може да ја зголеми глобалната невработеност за речиси 25 милиони”, соопшти Меѓународната организација на трудот, презентирајќи нова студија. Во неа се додава дека меѓународно координираната реакција може „значително да го намали” тој број.

Пандемијата на Ковид-19 ќе истурка милиони луѓе во невработеност и работна сиромаштија, соопштија ОН, предупредувајќи дека работниците на глобално ниво ќе изгубат до 3.400 милијарди долари приход само оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот