Поради пандемијата изгубени се 12 билиони долари од светскиот БДП

Директорката на Меѓународен монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева на онлајн конференцијата „Инфраструктура, инвестиции и Централна Европа: Иницијатива три мориња” во организација на Атлантскиот совет, изјави дека разорното дејство на новиот коронавирус ќе предизвика драматичен пад на економијата во светот, што годинава и во 2021 ќе изнесува околу 12.000 милијарди долари.

Таа потенцира дека сумата е поголема од едногодишниот бруто домашен производ (БДП) на еврозоната.

– За земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЕ), пандемијата значи бришење на остварениот прогрес во изминатите три години, кога регионот постигнуваше најдобри резултати во оваа деценија во поглед на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста и унапредувањето на управувањето, истакна Георгиева.

Таа додаде дека регионот просечно бележел раст од 3,0 проценти што влијаело на намалување на јазот помеѓу ЦИЕ и 15 западни земји-членки на Европска Унија.

Прочитајте и...  Дачиќ ќе биде нов претседател на српското Собрание, експозето на Вучиќ во среда, во новата влада и СПАС на Шапиќ

Георгиева наведе дека постои голем инфраструктурен јаз помеѓу 12 земји вклучени во Иницијативата три мориња и преостанатите 15 земји-членки на ЕУ во енергетско-производствените капацитети.

Таа се осврна и на интернет поврзаноста и бројот на претплатници, истакнувајќи оти освен Естонија, регионот на ЦИЕ заостанува во споредба со Западна Европа.

Директорката на ММФ констатира дека ЦИЕ заостанува во развиеноста на патната структура во однос на 15 земји-членки на Унијата, со што патната е на ниво од 60 проценти од западноевропските држави, а железничката на 40 отсто. Таа потенцира дека инфраструктуратра е можен двигател на економскиот раст.

Иницијативата Три мориња ја покренаа 12 земји-членки на ЕУ, кои се лоцирани помеѓу Балтичко, Црно и Јадранско Море, со цел да го забрзаат развојот на прекуграничните енергетски, транспортни и дигитални мрежи. Иницијативата е насочена кон обезбедување на 1.000 милијарди долари за регионални инфраструктурни проекти и проширување на врските помеѓу државите членки на Три мориња, како и помеѓу регионот и другиот дел на Европа. За таа цел на почетокот на годината покренат е инвестициски фонд за вложување во прекугранични проекти во регионот, а САД се обврзаа дека ќе вложат една милијарда долари во Фондот и во енергетските проекти на Иницијативата три мориња. 

Прочитајте и...  НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците

Поврзани вести

Инцидент во Србија: Фрлена бомба врз полициска станица во Србобран, нема повредени

Слободен печат

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар