Поради пандемијата граѓаните ги празнеа аптеките, газдите на ланците заработија 2 милиони евра повеќе

Аптека/ Фото: МИА

Со приход од над 49,5 милиони евра аптекарскиот бисер „Зегин“ е на врвот на табелата на 10 најуспешни аптекарски ланци кои инкасираа големи приходи во текот на минатата година. Земјава, како и сите останати во светот се бореше со пандемијата од коронавирус, а лекови се купуваа не само поради борба со болеста ковид-19, туку и превентивно.

Во аптеките се трошеа покрај лекови и суплементи, средства за дезинфекција, корона тестови и низа други производи врзани за пандемијата.

Со 15 милиони помала заработка од „Зегин“ е ланецот „Еурофарм“, додека „Моја аптека“ иако инкасираше речиси двојно помалку од прворангираната, сепак поради доволно големиот остварен профит во 2020 се најде на третото место. Останатите седум аптекти имаат профит од над 4 милиони евра (Алпи Фарм, Виола) или над 2 милиони евра (Жива Фарм, Бле Медика, Херба, Виа Фарм и Мента Фарм).

Овие аптеки минатата година оствариле вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.

Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк она што е за одбележување е што во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година.  И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад.

 

Аптеки рангирани според профитот во 2020/ Фото: Пари/БизнисМрежа.мк
Видео на денот