Поради пандемијата Европејците велигенските празници ќе ги поминат во изолација

unsplash

Додека Европа делумно е во карантин со цел сузбивање на ширењто на коронавирусот, жителите на јужните држави, посебно погодени, се подготуваат дома да ги поминат велигденските празници, важен период од годината во христијанските земји.

Зголемени контроли, затворени аеродроми, верски служби зад затворени врати. Во сите земји се среќаваат овие мерки и препораки со цел да се ограничи движењето и традиционалните бројни собирања.

Во Португалија затворени аеродромите

Сите аеродроми во Португалија се затворени од 9. до 13. април.

Во текот на тој продолжен велигденски викенд граѓаните нема да можат да го напуштаат своето место на живеење освен за да одат на работа во секторите во кои тоа е дозволено за време на вонредната состојба, која е продолжена до 17. април.

„Велигенскиот период е посебно критичен во текот на кој е апсолутно од темелна важност да се ограничи движењето на националната територија“, рече премиерот Антонио Коста.

Со 200 починати, Португалија засега е помалку погодена од пандемијата отколку Шпанија.

Засилени контроли во Франција

Французите смеат да излезат од дома само поради одење на работа, на лекар или поради малку вежбање. Патувањата за празниците не доаѓаат во предвид.

Од петокот се мобилизирани повеќе од 160.000 полицајци и жандарми поради засилени контроли и проверки на мерките за изолација.

Исклучително сме строги, нема да биде можно да се патува“, предупреди префектот на париската полиција Дидие Лалман на една контролна точка на влезот во Париз.

Од воведувањето на забраната на 17 март забележани се 406.000 прекршоци.

Железничкиот сообраќај е многу редуциран. Сообраќаат само 42 супербрзи возови (ТГВ) на ден наместо вообичаените 700, а парискиот аеродром Орли е затворен од 31 март.

Нема велигденски празници во Италија и Шпанија

Во Италија, најтешко погодената земја од пандемијата во светот, со речиси 14.000 мртви, забраната за меѓуградско движење е на сила барем до 13 април.

Иако премиерот Џузепе Конте рече дека му е жал што на граѓаните, мнозинство католици, ќе им се расипат велигденските празници, ги повика строго да се придржуваат кон упатствата.

Во Шпанија, еднакво религиозна и исто така тешко погодена од пандемијата (11.000 починати), традиционалната Света недела (од 5. до 12. април), синоним за празниците, исто така годинава ќе биде малку поинаква.

„Сите сме прифатиле дека оваа Света недела нема да можеме да одиме на одмор, туку ќе работиме, ќе останеме дома и ќе вложиме дополнителен напор за доброто на сите“, рече министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде – Марласка.

„Ова се клучни недели“, додаде тој.

Заповеникот на Цивилната гарда Жозе Мануел Сантијаго беше уште појасен потсетувајќи дека не е дозволено да се оди на друго место за престој и дека ќе има засилени контроли на сите патишта во текот велигденскиот викенд.

Во Грција православни богослужби зад затворени врати

Во изолација се од 23 март, па Грците нема да смеат да одат на село за Велигден, како што со задоволство прават секоја година.

За да ги поттикне да останат дома, Грчката православна црква објави дека верските богослужби ќе се одржат зад затворени врати и дека ќе се пренесуваат на телевизија.

Портпаролот на владата Стелиос Пецас предупреди во петокот дека во последен момент би можеле да бидат затворени наплатните рампи на автопатите ако тоа биде потребно.

„Не е дозволено да се патува меѓу урбаните средини и селата“, изјави тој за Скај ТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот