Поради пандемијата ЕУ „ги тргна“ принципите на страна

Со цел да се избори со пандемијата од корона вирусот, Европската унија на страна тргна некои од своите принципи, вели Мајкл Гов, министер во владата на Велика Британија.

Тој во обраќање пред одборот во долниот дом на британскиот парламент за Брегзит истакна дека за време на кризата предизвикана од корона вирусот ЕУ „многу мудро“ ги тргна на страна некои од своите принципи со цел на земјите членки да им овозможи да преземат соодветни чекори кои им се потребни кога станува збор за ограничување на движењето преку границите, како и во интервенциите на владите на одделни земји членки во економиите, што при нормални услови ЕУ тешко дека би ги поддржала.

Меѓутоа, во шенген договорот, со кој контролите на граници се укинати, веќе постојат одредби со кои на земјите членки им се овозможува воспоставување на привремени контроли на границите кога тоа е во интерес на јавното здравје или националната безбедност, што веќе еднаш се користеше за време на бегалската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот