Поради пандемијата, демонстранти бараат откажување на Олимписките игри

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Околу 50 демонстранти се собраа денеска во Токио барајќи откажување на Летните Олимписки игри…

Тие се собраа пред зградата на владата во Токио, извикувајќи „Не на Олимписките игри“, „Спаси човечки животи“ и носејќи натписи „Откажете ги Олимписките игри“.

Олимписките игри во Јапонија, на кои им се спротивставува голем дел од населението во таа земја, ќе се одржат претежно без гледачи поради пандемијата на коронавирусот.

Претходниот ден Токио достигна уште еден највисок рок од шест месеци во нови случаи на ковид-19, во време кога расте загриженоста за можно влошување на епидемиолошката состојба за време на Олимписките игри. Од друга страна, стапката на инфекција и смртност во Јапонија е пониска отколку во другите земји.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи од 13.00 часот по средноевропско време, 20.00 часот по локално време.

Нема да има навивачи на Олимпискиот стадион за да се спречи ширењето на коронавирусот, а на церемонијата ќе присуствуваат некои официјални лица, гости и медиуми.

ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот