ПОРАДИ ОВА СЕ ВЉУБУВААТ ВО ВАС: Неочекувана женска особина која ги „пали“ мажите

Магазинот „Sex Research“ спроведе истражување врз основа на кое дошле до заклучок дека мажите повеќе се вљубуваат во жени кои се помалку емотивно стабилни од нив.

Во ова истражување учествувале околу 1.000 мажи, кои одговориле дека сакаат кога се посилни од својата партнерка, бидејќи на тој начин тие се оние кои ја заштитуваат и водат низ врската.

Притоа, кај нив се појавува синдромот на автосугестија дека од нив се очекува да бидат и добри во сексот, па затоа и се трудат да имаат подобри перформанси, за да ја задоволат својата партнерка.

Во истата студија пак, се наведува и дека кога партнерите се рамноправни, сексот е уште подобар, бидејќи на тој начин меѓусебно се стимулираат и надополнуваат.

Тие се повикуваат и на поодамнешна студија според која емоционално послабите луѓе се посклони кон еротски фантазии и полесно прифаќаат експерименти во сексот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот