Поради отсуство на рочиште: Наредба за приведување на пејачот Халид Муслимовиќ

Фото: oslobodjenje.ba

Основниот суд во Бања Лука издаде наредба за принудно спроведување на пејачот Халид Муслимовиќ за рочиште што е закажано за 28 октомври, пренесува oslobodjenje.ba. Тој е обвинет за кривичното дело нанесување на тешки телесни повреди на Соња Башиќ, но не се појави на распитот на 17 септември, поради што судијата издаде наредба за негово приведување од припадницните на Суѕдската полиција на Република Српска. Муслимовиќ се товари дека на 27 јули во 2019 година, во периодот меѓу два и три часот наутро, на магистралниот пат Бања Лука – Козарац и задал повеќе удари на Башиќ со која бил во емотивна врска.

Закани

Покрај ударите, Муслимовиќ, според наводи од обвинението што ги потврди и Башиќ за време на сведочењето, во критичната ноќ ја гризнал жртвата и упатил низа погрдни зборови и закани.

– Да те е… полиција, ти мене ќе ме пријавуваш. Ти си мало маче за мене, знаеш ли ти кој сум јас? – Ќе те возам во багажник, мрак ќе те проголта, и викал Муслимовиќ на жената која неколку пати претходно ја удрил по главата.

Според обвинението на Обвинителството во Бања Лука, Муслимовиќ по кусата расправија со Башиќ во неговиот автомобил, ја удрил неколку пати по лицето.

– Муслимовиќ во еден момент го запрел автомобилот, излегол, дошол до вратата на совозачот каде била оштетената. Ја фатил со раце за коса, ја извлекол од возилото и ја фрлил на асфалтот, се наведува во обвинението.

Гризење

Но, тука не бил крајот на маките на Башиќ. Откако ја фрлил на асфалтот, Муслимовиќ ја подигнал за повторно да ја удри со рака по лице, а потоа и ја гризнал на десното раме. Според резултатите од истрагата, таа се здобила со повеќекратни повреди во вид на нагмечувања и гризење.

– Оштетена се здобила со хематоми на долната вилица, на десното раме, четири хематоми од надворешна страна на десната надлактица, два на десната подлактица, еден на грбот и гребаници на кожата од внатрешна страна на левиот лакт“, е опишано во обвинението.

Вешто лице

По изживувањето, Муслимовиќ ја вратил Башиќ во автомобилот и продолжил со насилството додека се движеле кон Бања Лука. Несреќната жена се заканила дека ќе пријави во полиција, а обвинетиот со пцовка на сметка на полицијата и се заканил дека ќе ја „проголта мракот“.

Фото: oslobodjenje.ba

– Основаноста на обвинението и вината на обвинетиот произлегуваат од исказите на оштетената Соња Башиќ што во целост се потврдени од материјалните докази и бројаната медицинска документација. Покрај наведеното, обвинението е потврдено со наод и мислење на вештото лице по судска медицина, Милан Срдиќ и официјални полициски белешки, се наведува во образложението на Обвинителството во Бања Лука.

Казна

Халид Муслимовиќ за стореното дело и напад врз поранешната љубовница, Соња Башиќ може да биде парично казнет со 550 евра. Окружното Јавно Обвинителство во Бања Лука, со обвинителите што го товарат Муслимовиќ за нанесување на тешки телесни повреди, достави и предлог санкции до Судот што најверојатно ќе бидат прифатени како максимални доколку се утврди дека има доволно докази.

Така, Обвинителот побара од Основниот суд во Бања Лука да утврди парична казна за Муслимовиќ во износ од 700 конвертабилни марки и уште 400 за загрозување на безбедноста, пишува srpskainfo.rs.

Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) неодамна поднесе кривична пријава до Обвинителството на БиХ против Халид Муслимовиќ поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ и мамење за 209.000 конвертабилни марки. И во тој случај, што Муслимовиќ го нарече „глупост“, како оштетена се јавува Соња Башиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот