Поради опасност од ширење на ковид-19 меѓу пратениците: Парламентот на Литванија оди 10 дена на „принуден“

Фото: EPA/VALDA KALNINA

Литванскиот Парламент од утре ќе паузира една недела со цел да спречи ширење на коронавирусот меѓу пратениците.

Литванската Влада размислува за проширување и заострување на рестриктивните мерки, како затворање на трговските центри, бидејќи малку е постигнато со сегашните ограничувања за спречување на ширењето на вирусот меѓу населението во вториот бран.

– Поради влошување на ситуацијата, решивме по седницата во вторник, парламентот да паузира една недела, рече спикерката на Парламентот, Викторија Чмилите-Нилсен на онлајн прес-конференција.

Таа е една од тројцата пратеници кај кого е потврден коронавирусот, додека најмалку 14 отидоа во самоизолација, откако биле во контакт со заразено лице на првата седница на новоизбраниот парламент одржана на 13 ноември.

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Литванија во изминатите две недели е зголемен за повеќе од двојно, и покрај тоа што мерките за заклучување стапија во сила на 3 ноември, кога во последните две недели беа регистрирани 316 случаи на 100.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот