Поради одрони застој во сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани

одрони
Одрони / фото МИА

Одрони го блокираа патниот правец Македонска Каменица – Кочани кај месноста „Препишо”. Одроните како што информираат возачи кои патуваат на релација Делечво – Кочани се забележани во 18 часот, а на лице место се наоѓа полиција која го обезбедува местото.

– Имав среќа да поминам пред одроните, во моментот таму се наоѓа полиција. Точната локација е после првиот подолг мост од Македонска Каменица кон Кочани, кај местото викано „Правото” или познато како „Препишо”, на отприлика 700-800 метри пред браната Калиманци, информираат возачи.

Од Македонија Пат додадоа дека нивна механзиација се упатила на терен. Според нивните очекувања се очекува одроните да бидат расчистени во текот на наредниот час. Апелираат на внимателно возење на споменатата делница како и долж целиот патен правец Делчево – Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот