Поради обид за убиство на стражари, француски џихадист осуден на 28 години затвор

Еден француски џихадист е осуден на 28 години затвори бидејќи во француски затвор се обидел да убие двајца стражари.

Билал Таги (27), Французин со мароканско потекло, стражарите ги нападнал во посебниот затвор за „радикализирани исламисти“ во околината на Париз во 2016 година, додека издржувал петгодишна затворска казна по неуспешен обид да отпатува во Сирија, за да се бори на страната на Исламска држава (ИД).

Таги веднаш признал дека сакал да ги убие француските полицајци во името на џихадистите на ИД и се заканувал дека повторно ќе се обиде ако има можност, но денес рече дека се кае поради обидот и дека се „откажал“ од смртоносната идеологија на таа организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот