Поради новиот сој Грција воведува нови мерки за патниците од Јужна Африка

Патници на грчки аеродром
Патници на аеродром/Фото EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

Дозволен влез само за грчки државјани и државјани на други земји за есенцијални потреби само по добиена дозвола, но и под услов да имаат негативен ПЦР тест, предвиден десетдневен карантин во Грција, тестирање при пристигнувањето, се дел од мерките што од утре наутро ги воведува Грција за патници од земјите од јужна Африка, Боцвана, Намибија, Лесото, Зимбабве, Мозамбик, Есватини, Замбија и Малави, поради новиот сој B.1.1.529 , пишува Катимерини.

Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција денеска одржа вонреден состанок, а по нивните препораки грчката Влада донесе одлуки за дополнителни рестрикции.

ПЦР тестот направен 72 часа пред патувањето е задолжителен независно од тоа дали патникот е вакциниран или не; за влез во земјата задолжителна е дозвола од грчките амбасади или конзулати; рапид тест по пристигнувањето во Грција; десетдневна изолација во хотел карантин и нов тест на десеттиот ден.

Од Министерството за здравство на Грција во соопштението додаваат дека досега не постојат директни летови од конкретните земји.

Новите мерки стапуваат во сила утре, во шест часот наутро.

Видео на денот